ПОЗНАТ СПИСОКОТ ЗА ЕХФ НЕДЕЛАТА

Раул Гонзалез го повика Немања Прибак

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари за првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

 

објавено: 6 октомври 2017 - 14:24

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари за првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата (23 до 29 октомври).

Собирот е закажан за 23 октомври 2017 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје, а селекторот Гонзалез повика вкупно 21 ракометари, меѓу нив се најде и играчот на Бешикташ Немања Прибак.

Како што е познато нашата репрезентација нема да одигра ниту еден пријателски натпревар, Гозалез овој период ќе го искористи за испробување на нови тактички замисли за Европското првенство следната година.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски

Најново во Ракомет