ПО ГОЛЕМИОТ ТРИУМФ НАД ИСЛАНД

РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ: Одлична партија против квалитетна репрезентација

Новиот селектор, Раул Гонзалез не можеше да посака подобро деби на клупата на македонската репрезентација. По подолго време нашиот национален тим блесна во едно поинакво светло, а за тоа говорат крајните 30-25 на дуелот против Исланд.

објавено: 4 мај 2017 - 22:18

Новиот селектор, Раул Гонзалез не можеше да посака подобро деби на клупата на македонската репрезентација. По подолго време нашиот национален тим блесна во едно поинакво светло, а за тоа говорат крајните 30-25 на дуелот против Исланд.

„Во првиот дел одигравме одлично и имавме четири и пет погодоци разлика, но, на крајот направивме неколку грешки со кои му дозволивме да се врати противникот. Во второто полувреме имавме криза на почетокот и тоа мислам дека се виде, но, како што одминуваше времето, самодовербата беше на многу повисоко ниво и дојдовме до важна победа. Исланд е квалитетна репрезентација со голем број на искусни ракометари. Јас сум задоволен од прикажаното бидејќи одработивме само четири тренинзи со играчите. За наредниот меч треба добро да анализираме и да се подготвиме како и за овој меч", изјави Раул Гонзалез.

 

Најново во Ракомет