ШПАНЕЦОТ ИМА ПОИНАКВА ВИЗИЈА ОД ХРВАТСКИОТ СТРАТЕГ

РАУЛ КОНТРА ЧЕРВАР: Подмладувањето во втор план, треба искуство за место на ЕП

Новиот селектор, Раул Гонзалез со враќањето на неколку искусни ракометари во составот потврди дека има поинаква визија за националниот тим.  

објавено: 20 април 2017 - 11:05

Новиот селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список за квалификациските дуели против Исланд за пласман на Европското првенство во Хрватска. Шпанскиот стратег одлучи во составот да ги врати искусните ракометари Борко Ристовски, Аце Јоновски и Немања Прибак и најави дека има поинаква визија за националниот тим за разлика од својот претходник Лино Червар.

Хрватскиот стратег пред стартот на Светското првенство во Франција, односно веднаш по неговото назначување на селекторското место на нашата репрезентација најави долгорочен проект - ПОДМЛАДУВАЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА. На овој начин тој го објасни изоставувањето на Ристовски, Јоновски и Прибак за Мундијалот. 

За разлика од Червар, новиот предводник на репрезентацијата Гонзалез пак се одлучи за искуство. Ги врати гореспоменатите играчи и даде на знаење дека главна цел на Македонија е пласман на Европското првенство, но и потоа остварување на успех. Во моментов процесот на подмладување ќе биде ставен на стенд-бај. 

Но доаѓањето на Раул ракометна Македонија ќе има нова филозофија, ново размислување...

Првата активност, новиот селектор ќе ја има на 4 мај кога Македонија на домашен терен ќе го пречека Исланд, а реваншот се игра три дена подоцна. Во рамките на квалификациите ќе играме со Украина играме на 15 јуни на гости, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Чешка.

Најново во Ракомет