СО ИСТИОТ СОСТАВ ОД СРБИЈА ЌЕ ЈА ОСВОЈУВАМЕ ХРВАТСКА

Раул не менува, отпаднаа Томовски и Крстевски

Селекторот, Раул Гонзалез го објави конечниот список од 19 ракометари кои ќе настапат на Европското првенство во Хрватска. 

објавено: 10 јануари 2018 - 12:15

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез одлучи ништо да не менува и за Европското првенство кога станува збор составот. Шпанскиот стратег во Хрватска ќе смета на оние 19 ракометари со кои настапивме на двата пријателски дуели во Србија. Во Скопје ќе останат голманот на Металург, Мартин Томовски и  и средниот бек на Еурофарм Работник Горан Крстевски. 

Во Хрватска ќе патуваат следните ракометари: 

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Барселона), Никола Митревски (Констанца), Златко Даскаловски (Темишвар),

КРИЛА: Дејан Манасков (Веспрем), Гоце Ојлески (Еурофарм Работник), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Вардар).

БЕКОВИ: Филип Миркуловски (Вецлар), Кирил Лазаров (Нант), Немања Прибак, Филип Лазаров (Бешикташ), Филип Талески (РНЛ), Филип Кузмановски, Мартин Велковски (Металург), Аце Јоновски (Ратинген), Велко Маркоски (Констанца).

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Металург), Никола Маркоски (Орошази).

Утре рано изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија, два дена подоцна силите ќе ги одмери со Црна Гора, групната фаза ја затвараме со дуелот против бранителот на титулата, Германија.

 

Најново во Ракомет