ПОЗНАТ СПИСОКОТ ЗА ДУЕЛОТ СО РОМАНИЈА

Раул нема да менува - истите „борци“ и за Клуж

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез одлучи со истите сили да настапи и на реванш дуелот со Романија, кој се игра денеска (17:30 часот по македонско време).

објавено: 13 јуни 2018 - 09:58

Од Клуж, Марија Ковачева

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез одлучи со истите сили да настапи и на реванш дуелот со Романија, кој се игра денеска (17:30 часот по македонско време). Иако шпанскиот стратег во Клуж го зема Златко Даскаловски, сепак одлучи на голот да останат Борко Ристовски, кој беше одличен во Скопје, забележа 15 одбрани од кои осум во првото полувреме и Никола Митревски.

Најново во Ракомет