НЕМА ОДМОР ЗА ШПАНСКИОТ СТРАТЕГ

Раул од Келн директ во Автокоманда: На дневен ред - репрезентацијата (ФОТО)

Македонската репрезентација во јуни ќе игра бараж двомеч за пласман на Светското првенство, кое следната година ќе одржи во Данска и Германија. 

објавено: 29 мај 2018 - 12:07

Нема одмор за Раул Гонзалез. Доцна синоќа се врати од Келн, а веќе утринава беше во салата во „Автокоманда“ каде започнаа неофицијалните подготовки за бараж двомечот со Романија за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Данска и Германија.

На денешниот тренинг се појавија Филип Лазаров, Мартин Поповски, Никола Митревски и Никола Маркоски. За утре е најавено доаѓањето на Немања Прибак и на Велко Маркоски. До крајот на неделата ќе се тренира еднаш во денот. 

Официјалниот старт на подготовките за кажан за понеделник кога треба да се појават сите репрезентативци кои ќе се најдат на скратениот список.  

Првиот натпревар со Романија го играме на 10 јуни во Скопје, додека реваншот е три дена подоцна во Клуж.

Најново во Ракомет