РФМ ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација

Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за СП Германија 2017.

објавено: 23 декември 2016 - 10:47

Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за СП Германија 2017.

Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки на бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2017 година, во чии рамки најпрво ќе бидат домаќини на Швеѓанките, додека вториот натпревар ќе се игра на гостински терен.

Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство Германија 2017.

Најново во Ракомет