„ЗБОРНАЈА“ ГИ АНГАЖИРАШЕ САМСОНЕНКО И КОКШАРОВ

Русија ја бара шампионската формула од Вардар

Првиот човек на европскиот првак, Вардар, Сергеј Самсоненко доби функција во руската репрезентација. Тој ќе биде координатор и генерален менаџер, додека спортскиот директор на „црвено-црните“, Едуард Кокшаров е именуван за нов селектор. 

објавено: 13 јули 2017 - 11:30

По неуспехот во квалификациите за Европското првенство 2018 година, руската федерација одлучи да направи промени и тоа не било какви. Во најдобриот национален тим на оваа земја го ангажираше најдоброто од Европа - газдата на Вардар, Сергеј Самсоненко и спортскиот директор, Едуард Кокшаров.

Самсоненко ќе биде координатор и генерален менаџер на репрезентацијата, додека Кокшаров ќе биде селектор на Русите. 

"Овој човек е длабоко посветен на нашиот спорт и има постигнато уникатен резултат“, се првите зборови на претседателот на руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, кој дададе дека на Русија и треба човек каков што е Самсоненко. Со негова помош веруваат дека Русија може да стигне до Олимписките игри во 2020 година.

„Ние се надеваме дека платформа во Вардар, ќе им овозможи на нашите играчи да се издигнат на високо ниво", вели Шишкарев.

Најново во Ракомет