СЕЛЕКТОРОТ ГО СКРАТИ СПИСОКОТ ЗА ЕХФ НЕДЕЛАТА

САМО ЕДНА НОВИНА КАЈ РАУЛ: Чурлевски добива шанса во А тимот

На потесниот список се најдоа 20 ракометари, кои во понеделник се собираат во Скопје.

објавено: 19 октомври 2018 - 11:09

Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави скратениот список од 20 ракометари повикани за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за ЕП 2020.

Само една новина ќе има во тимот на Раул Гонзалез, кој се одлучи шанса за докажување да му даде на бекот на Еурофарм Работник и син на ракометната легенда, Боро Чурлевски, Филип Чурлевски во сениорската селекција.

Шпанецот игра и на сентиментална карта, со оглед на тоа дека дуелот со Турција се игра во Битола, а присуството на битолчанец во тимот ќе значи мотив плус да се наполни салата.

Собирот на ракометари е закажан в понеделник, 16:30 часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Најново во Ракомет