УТРЕ СТАРТУВА НОВАТА МИСИЈА - ПЛАСМАН НА ЕП 2020

Само Талески ќе доцни, ракометарите од среда во Битола

Утрешниот собир на македонската ракометна репрезентација во рамките на подготовките за квалификациските дуели за пласман на ЕП 2020 ќе го пропушти само Филип Талески. 

објавено: 21 октомври 2018 - 14:05

Македонската ракометна репрезентација утре ја стартува мисијата Европско првенство 2020 година. На патот до нов пласман на континенталните натпреварување стојат селекциите на Турција, Грција и Исланд, битката ја почнуваме на 25 овој месец во Битола.

Иако квалификацискиот дуел со Турција се игра во салата „Боро Чурлевски“, сепак собирот и дел од тренинзите нашите најдобри ракометари ќе го одржат во Скопје. Раул Гонзалез прозивката ја закажа за утре (16:30 часот,) во хотел „Александар Палас", според најавите Филип Талески треба да биде единствениот репрезентативец кој ќе го пропушти стартот.  Левиот бек денеска играч меч од бундес-лигата, Рајн Некар е домаќин на големото дерби со Фуксе Берлин.

Селекторот за двата квалификациски меча повика 20 ракометари. Првата средба се игра во четврток, додека три дена подоцна Македонија е гостин на Грција, дуелот се игра во Кожани.

Најново во Ракомет