РИСТОВСКИ БЕШЕ ОДЛИЧЕН НА ГОЛОТ, НО ТОА НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО

СЕ ОГЛАСИ „МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА“: Треба и мора да извлечеме поука од ваквите мечеви

Македонската репрезентација не успеа на гостувањето кај Исланд да дојде до победа и со тоа ширум да ги отвори портите кон Европското првенство во Хрватска следната година. Само еден гол (30-29) ги делеше нашите ракометари од реми и бод за задржување на лидерската позиција.

објавено: 8 мај 2017 - 00:30

Македонската репрезентација не успеа на гостувањето кај Исланд да дојде до победа и со тоа ширум да ги отвори портите кон Европското првенство во Хрватска следната година. Само еден гол (30-29) ги делеше нашите ракометари од реми и бод за задржување на лидерската позиција.

Борко Ристовски со 16 интервенции беше најдобриот играч во репрезентацијата. Голманот на Барселона во неколку ситуации ја враќаше Македонија, но за жал во нападот не искористивме вистински шанси. 

„И покрај поразот, покажавме дека се движиме во вистинска насока. Треба и мора да извлечеме поука од ваквите натпревари за да растеме како репрезентација. Сите заедно до пласман во Хрватска", пиша Борко Ристовски на својот „Фејсбук" профил.

И покрај поразот, Раул Гонзалез и неговите избраници се во игра за освојување на првите две место во нашата група кои водат во Хрватска. До крајот на квалификациите не очекуваат уште два меча, на 15 јуни и гостуваме на Украина, а на 18 јуни ја пречекуваме Чешка.

Најново во Ракомет