Нашата женска репрезентација по втор пат совладана

Сениорките повторно поразени од Србија

На контролниот натпревар кој што се одигра во СЦ „Јане Сандански", нашата женска ракометна репрезентација по втор пат загуби од Србија, сега со 43:27

објавено: 18 март 2017 - 14:30

Женската сениорска ракометна репрезнтација на Македонија го претрпе и вториот пораз на контролните средби со Србија, овој пат со 43:27. Нашите девојки, овој пат на теренот во СЦ „Јане Сандански" одиграа уште една средба во рамките на ЕХФ неделата. Соседот и овој пат се покажа како поквалитетен, но, резултатот е во втор план.

Избраничките на Симе Симевски ја темпираат формата пред најважните дуели кои што ќе се одиграат во јуни. Тоа секако се баражите со Шведска, кадешто подобриот од овој двомеч ќе оди на Светското првенство во Германија.

Најново во Ракомет