Се знае и редоследот за втората фаза

Шпанија, Чешка, па Данска не чекаат на мегдан во Вараждин

Македонија ќе има најмногу бодови, три во новоформираната група во Вардаждин, а веќе е познат и распоредот во финалната фаза по групи. На 21. јануари ќе играме со Шпанија, два дена подоцна со Чешка и на 24. јануари со стариот должник Данска

објавено: 17 јануари 2018 - 22:22

Македонија ќе има најмногу бодови, три во новоформираната група во Вардаждин, а веќе е познат и распоредот во финалната фаза по групи. На 21. јануари ќе играме со Шпанија, два дена подоцна со Чешка и на 24. јануари со стариот должник Данска.

Вараждин за нас е познат терен, тука игравме на Светското првенство во Хрватска, а сега сме во одлична позиција во истиот град да стасаме до подвиг и историско полуфинале.

Зад Македонија се Шпанија, Данска, Чешка и Германија со по два бода, а Словенија има еден бод.

Во полфиналето ќе играат двете најдобропласирани селекции од двете групи.

Во втората новоформирана група Франција и Шведска ќе тргнат со по 4 бода, Хрватска и Норвешка со по два, а Белорусија и Србија се без бодови.

Најново во Ракомет