ПОЗНАТ ПРОТИВНИКОТ ЗА БАРАЖ ДУЕЛОТ

Шведска е последната пречка до Мундијалот

Македонската женска ракометна репрезентација ќе има тешка задача ако сака да се најде на завршницата на Светското првенство кое следната година во декември се игра во Германија

објавено: 17 декември 2016 - 15:40

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доби противникот, кој ќе биде последна пречка за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. На ждрепката „црвено-жолтите“ за противник ја добија селекцијата на Шведска. 

Македонија се избори за место во баражот за Мундијалот, откако заврши на посакуваното второ место во квалификациската група, која се играше на Фарски Острови. Во таа група Македонија заврши зад Австрија, но пред Исланд и фарски Острови. 

Македонија е домаќин на првиот бараж меч против Шведска, а ќе се игра во јуни следната година. Шведска е домаќин на Европското првенство кое сега се игра и секако дека „викинзите“ ќе сакаат да бидат дел и од планетарниот собир. 

Најново во Ракомет