ПРВИОТ СОБИР СО НЕКОЛКУ ДОЦНЕЊА

Симовски: Објективно имаме сериозни противници, но верувам дека ќе направиме чекор напред

Македонската женска ракометна репрезентација ги започна подготовките за мундијалските квалификации, кои од 30 ноември до 2 декември ќе се играат во Скопје.

објавено: 19 ноември 2018 - 18:05

Селекторот Симе Симовски на првиот собир ги немаше сите ракометарки на располагање, кои поради лошите конекции го најавиле отсуството.

 „Нè стартувавме комплетни поради најавено отсуство на неколку интернационалки, кои веќе денеска ќе ни се приклучат на тренинзите. Девојките со мотив и желба влегуваат во овие квалификации и верувам дека со добра атмосфера во тимот може да се надеваме на добар турнир. Објективно имаме сериозни противници, кои се добро познати за нас, со Турција и Исланд сме играле неколкупати, но сакам да верувам дека може да го направиме тој чекор напред со тимот", вели селекторот на Македонија, Симе Симовски.

Македонија во Скопје ќе игра против Азербејџан, Турција и Исланд, првопласираната репрезентација ќе обезбеди учество во бараж натпреварите, кои ќе се играат во јуни 2019 година, додека место во следната фаза обезбедува и втората најдобро рангирана селекција од сите четири групи.

Најново во Ракомет