Познат е составот на нашата репрезентација

Симевски селектираше за ЕХФ неделата

Селекторот на женската репрезентација го објави списокот на повикани ракометарки за натпреварите со Србија за време на ЕХФ неделата

објавено: 7 март 2017 - 17:17

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија во периодот од 13. до 19. март ќе одигра две средби против Србија. Селекторот Симе Симевски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојнаата ЕХФ недела.

На истиот се најдоа 22 имиња кои против Србија ќе се подготвуваат во рамките за баражот против Шведска каде што ќе бараме пласма на Светското првенство во Германија.

Првиот собир на „црвено-жолтите" ќе биде в понеделник во салата во Автокоманда.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ ЗА ЕХФ НЕДЕЛА (13-19.03.2017)
Матеа Серафимова, Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Наташа Антиќ, Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Елена Георгиевска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Душица Георгиевска, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристевска, Наташа Нолевска, Марија Прленда, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска.

Најново во Ракомет