СЕЛЕКТОРОТ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК

Симовски со проверени сили против Фарски Острови

Селекторот на женска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список од 23 ракометарки за подготовките за двете квалификациски средби за ЕП 2018 против Фарски Острови.

објавено: 7 март 2018 - 15:25

Селекторот на женска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список од 23 ракометарки за подготовките за двете квалификациски средби за ЕП 2018 против Фарски Острови.

Во квалификациите за ЕП 2018, Македонија веќе одигра два натпревари, по еден против Шведска и Србија, во кои доживеа порази, а следни на распоредот се двете средби против селекцијата на Фарски Острови. Првиот натпреварсе игра на гостински терен во Торшавн на 21 март, додека втората средба во Скопје е закажана за 25 март.

Симовски во составот ја врати Марија Штериова која игра одлична сезона, а во „црвено-жолтиот“ дрес одново ќе биде Мирјета Бајрамоска, како и сестрите Елена и Душица Георгиевски.

Поширок список:

Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Пена Граматова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Моника Јаневска.

Најново во Ракомет