И НАТАМУ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Словенија без Кавтичник против Македонија, за Доленец ќе се решава денеска

Првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство, Словенија и натаму мака мачи со повредите. Најновите информации се дека капитенот Вид Кавтичник ќе мора да паузира две недели. 

објавено: 8 јануари 2018 - 09:00

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ на пет дена пред стартот на Европското првенство, поточно дуелот со Македонија не може да се пофали со добри вести. Од стартот на подготовките, листата на повредени играчи постојано се зголемува.

Најновата информација вели дека Словенците на мечот со нашата репрезентација нема да може да сметаат на услугите на капитенот Вид Кавтичник, кој ќе мора да паузира две недели, има пет конци на раката, докторите препорачуваат да мирува 14 дена. Доколку не се промени состојбата, тој дефинитивно нема да игра против Македонија. 

На позицијата десен бек и натаму виси Јуре Доленец. Дали ќе настапи на Европското првенство ќе биде познато денеска, а за тоа ќе одлучи лекарскиот тим на Барселона. Ник Хенигман е во трка со времето, додека Габер го чека пауза од три месеци.

„Докторите велат дека Кавтичник треба да паузира две недели. Велат дека 'плачам', но мене од играчите што играа на СП ми недостигаат Габер, Потеко, Кавтичник, Доленец, Миклавчич и Хенигман. Тоа ни репрезентацијата на Франција не би го издржала", изјави за g-sport.mk селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ.

 

Најново во Ракомет