ДЕСНИОТ БЕК НЕ УСПЕА НАВРЕМЕ ДА СЕ РЕХАБИЛИТИРА

Словенија дефинитивно без Доленец против Македонија

Репрезентацијата на Словенија, првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство дефинитивно нема да смета на услугите на десниот бек, Јуре Доленец. 

објавено: 9 јануари 2018 - 17:01

Се случи она што се очекуваше. Репрезентацијата на Словенија, првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство дефинитивно нема да смета на услугите на десниот бек, Јуре Доленец. Ракометарот на каталонскиот гигант кој правеше операција на менискусот беше на нови прегледи во Барселона, од каде стигнаа лоши вести за Веселин Вујовиќ. Иако Доленец се чувствува добро, сепак препораките од лекарите е дека тој ќе мора да мирува за да закрепне целосно.

„Постоеја надежи дека ќе бидам подготвен за Европското првенство. Но, по денешните лекарски прегледи, лекарите од Барселона проценија дека коленото се уште не е во добра форма за да можам да настапам за репрезентацијата. Преголем ризик е да играм за на ЕП", изјави Јуре Доленец.

Покрај Јуре Доленец во тимот на Словенија против Македонија, на отворањето на ЕП уште ќе ги нема и Вид Кавтичник, Матеј Габер, Ник Хенигман...

Македонија и Словенија се среќаваат на 13 јануари во рамките на првото коло на континенталното натпреварување. 

Најново во Ракомет