Машката јуниорска репрезентација на Македонија утре ќе ги дознае своите противници на Светското првенство во Алжир. „Црвено-жолтите" своите опоненти ќе ги дочекаат од третиот шешир, каде што ќе биде и организаторот, како и селекциите на Фарски Островои и Катар.
Во конкуренција се шест шешири, а во најпрестижниот, првиот се репрезентациите на Франција, Германија, Шпанија и Хрватска.
Утрешниот ждреб во канцелариите на ИХФ во Базел ќе се одржи со почеток од 16:00 часот, додека Светското првенство ќе се одржи во периодот од 18 до 30 јули годинава.
ПРВ ШЕШИР: Шпанија, Германија, Хрватска, Франција
ВТОР ШЕШИР: Тунис, Норвешка, Данска, Исланд
ТРЕТ ШЕШИР: МАКЕДОНИЈА, Алжир, Фарски Острови, Катар
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Унгарија, Египет, С. Арабија, Бразил
ПЕТТИ ШЕШИР: Словенија, Буркина Фасо, Јужна Кореа, Аргентина
ШЕСТИ ШЕШИР: Русија, Мароко, Шведска, Чиле