Стигна поддршка и од ФФМ и Ангеловски: Среќно момци!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и селекторот, Игор Ангеловски им посакаа среќна на ракометарите на Светското првенство во Франција, кое стартува денеска. Нашата репрезентација првиот меч го игра утре, а за противник ја има селекцијата на Тунис.

објавено: 11 јануари 2017 - 14:00

На еден ден пред првиот меч на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција, социјалните мрежи се „преплавени“ со поддршка за ракометарите.

На бројните пораки се приклучија и фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и селекторот, Игор Ангеловски, кои им посакаа среќа на нашите ракометари.

„Со среќа момци“, стои на официјаланата „Фејсбук“ страница на ФФМ.

Мундијалот стартува денеска, а Македонија првиот дуел го игра утре против Тунис.

Најново во Ракомет