Во многу незгоден момент

Стоилов се повреди, не игра против Русија, неизвесен е и за настап на Ф4 во СЕХА лигата

Стојанче Стоилов е повреден, го мачи препоната и пикерот на Вардар и на македонската репрезентација од вчера не е во тренажен процес со репрезентацијата.

објавено: 5 април 2018 - 12:39

Стојанче Стоилов е повреден, го мачи препоната и пикерот на Вардар и на македонската репрезентација од вчера не е во тренажен процес со репрезентацијата.

Веќе е сигурно дека Стојанче нема да биде во составот ниту за пријателскиот меч со Русија што ќе се игра задутре. Повредата на кружниот напаѓач бара мирување од две до три недели, а доаѓа во многу незгоден момент. Особено за Вардар и за амбициите на „црвено-црните“ да се одбранат титулите во СЕХА лигата, а потоа и во Лигата на шампионите.  Стоилов е неизвесен за СЕХА Ф4 турнирот во Скопје следниот викенд, каде Вардар ќе го брани хет-трикот од титули освоени на последните три изданија. Потоа на ред доаѓа и големиот двомеч со Кил во Лигата на шампионите, а влогот е нов пласман на фајналфор турнирот за титулата во Келн.

Првиот дуел ќе се игра на 22. април, а реваншот е една недела подоцна.

Се поизвесно е дека и Борко Ристовски нема да биде во составот на нашата репрезентација против Русија во сабота. Голманот, кој на почетокот на неделава доби син, не се појавил на ниту еден тренинг од почетокот на ЕХФ акцијата.

Најново во Ракомет