СЕЛЕКТОРОТ СО ПРВИ ИМПРЕСИИ ПО СП

Темелковски: Ова е еден голем успех за македонскиот ракомет и за македонскиот спорт

Селекторот, Илија Темелковски и неговите избраници поставија високи критериуми за идните генерации, го остварија најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет кога станува збор за големите натпреварувања.

објавено: 1 август 2017 - 12:15

Селекторот, Илија Темелковски и неговите избраници поставија високи критериуми за идните генерации, го остварија најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет кога станува збор за големите натпреварувања.

„Целта беше да се пласираме во четвртфинале. За 12 дена одигравме 9 натпревари, навистина беше тешко, имавме четворица ракометари кои ни беа повредени. Крстевски, Нелоски, Арсеновски, Лазаревски исто така на последниот меч не играше. Се на сè, ова е еден голем успех за македонскиот ракомет и за македонскиот спорт.

Нема голема разлика меѓу оние четири најдобри селекции и меѓу нас. Видовме дека можеме да се носиме со сите, Франција, Шпанија, Данска, Германија. Ако го подобриме карактерот, верувам дека нема да имаме проблеми во иднина“, изјави селекторот Илија Темелковски по пристигнувањето во Скопје.

Најново во Ракомет