ПОЗНАТ СПИСОКОТ ЗА КОНТРОЛНИТЕ МЕЧЕВИ, НО И СП

Темелковски ги одреди 16-те патници за Алжир

Селекторот на младинската репрезентација, Илија Темелковски ги одбра 16 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Алжир. 

објавено: 9 јули 2017 - 10:32

Селекторот на младинската репрезентација, Илија Темелковски ги одбра 16 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Алжир. Отпаднаа тројца ракометари, голманот Марко Кизиќ од Вардар 2, ракометарот на Пролет, Михаил Аларов и десниот бек на Металург 2, Мартин Серафимов.

Младинската репрезентација утре патува за Доха каде ќе одигра два пријателски натпревари со Катар. Ова ќе бидат последни и единствени контроли пред стартот на Мундијало. Доколку има потреба, Темелковски може да направи некоја измена во составот пред тргнувањето за Алжир.

Македонија се најде во групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо. Првопласираните четири репрезентации од групата продолжуваат во осминафиналната елиминациска фаза.

Најново во Ракомет