Сè е веќе готово

ВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ: Лино Червар е нов селектор на Хрватска

„Преговорите одат во добар смер и за десет дена ќе имаме прес конференција на која ќе го потврдиме новиот селектор" изјави Гобац по денешниот состанок

објавено: 8 март 2017 - 11:55

Лино Червар ќе биде нов селектор на хрватската ракометна репрезентација. По денешниот состанок со претседателот на Зоран Гобац, шпекулациите кои подолго време кружеа сега веќе се речиси официјализирани.

Преговорите одат во добар смер и за десет дена ќе имаме прес конференција на која ќе го потврдиме новиот селектор" изјави Гобац по состанокот со Лино. Додека, пак, Червар само кратко прокоментира

 

„Се согласувам со сето тоа што го кажа Гобац".

Актуелниот селектор на Македонија и тренер на Металург сака да ги одработи квалификациските утакмици за ЕП со нашата селекција и само поради тоа денеска не е и службено објавено дека Лино ја презема Хрватска. Не е познато дали пролетва Червар ќе ја мине во нашата држава или пак во својата татковина, но, едно е сигурно „каубоите" имаат старо-нов селектор.

Најново во Ракомет