НИКОЈ ВО СЛОВЕНИЈА НЕ СЕ НАДЕВАШЕ НА ВАКВО СЦЕНАРИО

Веселин Вујовиќ во тешки проблеми

Првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство (јануари), Словенија се соочува со големи проблеми. По потврдата дека Јуре Доленец нема да се опорави за континенталното натпреварување, Веселин Вујовиќ остана речиси без соодветен играч на десната бековска позиција.  

објавено: 9 ноември 2017 - 15:37

Од лошо, полошо...Словенија, првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство се соочува со големи проблеми на два месеци пред стартот на ова натпреварување. Откако Јуре Деленец беше успешно опериран и лекарите потврдија дека нема да биде фит до 13. јануари, селекторот на „змајчеките“ Веселин Вујовиќ се најде во безизлезна ситуација.

Покрај Доленец, на листата на повредени играчи од претходно се најде најдобриот играч на Целје, Жига Млакар, кој исто така игра на позицијата десен бек, како и Доленец. Млакар кој се здоби со фрактура на дланката, ќе паузира околу еден месец, а можеби нешто повеќе. Прашање е дали ќе биде максимално подготвен за едно натпреварување како што е Европското првенство. 

Надвор од терените веќе одамна е Давид Миклавчиќ, ракометарот на ППД Загреб. Словенечките медиуми го споменуваат и името на Вид Кавтичник. Иако играчот на Монеплје се врати по тешката повреда (јануари), сепак и натаму е несигурен за настапот на ЕП.

Македонија и Словенија ќе ги одмерат силите на 13 јануари следната година во рамките на првото коло. Покрај Словенија, нашата репрезентација во група е со Црна Гора и Германија. 

 

Најново во Ракомет