ГОЛЕМ ПОТЕГ НА РОМАНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

ВИСТИНСКИ КЛУПСКИ ДРУГАР: Соаре прв им честиташе на Митревски и Маркоски (ФОТО)

Соиграчот на Никола Митревски и Велко Маркоски во редовите на романска Констанца, прв дојде во соблекувалната да им честита на македонските репрезентативци.

објавено: 13 јуни 2018 - 19:39

Од Клуж, Марија Ковачева

Потег на голем човек, но и соиграч направи романскиот репрезентативец Драгош Соаре за кого не претставуваше проблем да дојде во соблекувалната на Македонија, по елиминацијата во баражот за СП 2019 и да им честита на македонските ракометари.

Соиграчот на Никола Митревски и Велко Маркоски во редовите на романска Констанца, дојде да ги поздрави своите клупски другари и да им посака среќа на мундијалот следната година.

 

Најново во Ракомет