ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ

Владата на Србија одлучи: Мечот со Косово нема да се игра, полицијата не сака да тепа свои луѓе

Дуелот меѓу женските јуниорски ракометни селекции на Србија и Косово сепак нема да се одигра поради безбедносни причини. 

објавено: 23 март 2018 - 14:56

На сапуницата Србија и Косово и дојде крајот. Дуелот меѓу женските јуниорски ракометни селекции, кој требаше да почне во 16 часот во Ковилово нема да се одигра поради безбедносни причини, вака одлучи Владата на нашиот северен сосед.

Во овој српски град вчера имаше протести бидејќи квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство наместо во Крагујевац беше преместен во Ковилово, а потоа беше донесена одлука да се игра без публика.

„Дали можеме да организираме ваков натпревар? Секако дека можеме. Но, која ќе биде цената? Судир на нашите навивачи и полицијата поради работи во кои не веруваме, спротивно на нашите интереси. Затоа не сме подготвени да ја пуштиме полицијата да ги тепа луѓето за да се одржи мечот“, изјави Министерот на полицијата Стефановиќ.

Во меѓувреме излезе информација дека одлуката за одложување на мечот е на ЕХФ, од српскиот сојуз се свесни дека не може да делуваат бидејќи ќе се соочат со големи казни.

Најново во Ракомет