ПЛАСМАНОТ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА НОСИ ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ

Во Хрватска ќе играме за Данска и Германија

Европа одбројува до стартот на континенталното натпреварување, од кое не делат точно 23 дена. Првичната цел на македонската репрезентација пласман во следната рунда носи и други поволности, кои никако не смеат да се заборават.

објавено: 20 декември 2017 - 12:25

Европа одбројува до стартот на континенталното натпреварување, од кое не делат точно 23 дена. Првичната цел на македонската репрезентација пласман во следната рунда носи и други поволности, кои никако не смеат да се заборават. 

Трите репрезентации кои ќе обезбедат место во нокаут фазата, автоматски обезбедуваат директен пласман во првиот шешир во плеј оф ждрепката за СП кое ќе се одржи во Данска и Германија. Од четирите репрезентации што ќе си одат дома, една исто така обезбедува место во првиот шешир во споменатата ждрепка.

Раул Гонзалез и неговите избраници во групната фаза на ЕП силите ќе ги одмерат со Словенија, Црна Гора и Германија. Математиката вели дека со една победа Македонија ќе се најде во следната рунда, а со тоа и ќе обезбеди место во првиот шешеир во плеј-оф ждрепката за Мундијалот во 2019 година.

Дел од репрезентативците веќе почнаа со подготовките за континенталното натпреварување. Според најавите утре треба да се приклучат ракометарите кои настапуваат во Романија, а додека во петок доаѓаат и „металуризте“.

Официјалниот собир е закажан за во понеделник, кога се очекува да пристигнат и капитенот Кире Лазаров и голманот Борко Ристовски. Гонзалез доаѓа во вторник, додека последни се приклучуваат Филип Миркуловски и Филип Талески.  

 

Најново во Ракомет