НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ САКААТ НОВ ТРИУМФ

Во Клуж нема да се браниме, одиме да победиме

Македонската репрезентација е близу до пласман на шестото Светско првенство. Романија на првиот бараж меч е совладана со 32-24, останува победата да се потврди на гости.

објавено: 11 јуни 2018 - 10:00

Под водство на Раул Гонзалез дефинитивно играме поинаку, созреани сме и размислуваме само на едно - победа.

Позитивата од осум гола треба да биде повеќе од доволна за да се пласираме на шестото Светско првенство.

Она што радува е победничкиот дух кој владее во нашите редови, нашите ракометари на реваншот во Клуж (среда) ќе напаѓаат, нема да се бранат.

„Имаме солидни плус осум, не примивме многу голови, близу сме до посакуваната цел. Сепак, мора да внимаваме знаеме каков може да биде ракометот, секое опуштање може да биде казнето. Затоа, не треба да браниме оваа предност, туку да играме и во Клуж да победиме", најави Кире Лазаров.

Ракометарите утре рано наутро до чартер лет заминуваат за Клуж. 

Најново во Ракомет