РФМ со убав гест

Вратите отворени: Промоција на „новата“ Македонија

Македонската репрезентација денеска (17:45 ч.) ќе го одигра еден од трите контролни натпревари против Босна и Херцеговина во рамките на подготовките за Светското првенство во Франција. 

објавено: 3 јануари 2017 - 10:50

Остануваат уште осум дена до стартот на Светското првенство. По напорните тренинзи во Маврово, македонската репрезентација последните подготовки ги работи во Скопје, а веќе денеска ќе го има и првиот тест.

Избраниците на селекторот, Лино Червар во СЦ „Кале“ го играат еден од трите пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Влезот за денешниот меч кој е отворен за јавноста ќе биде слободен.  

„Да и дадеме поддршка на нашата сениорска репрезентација пред заминувањето за Франција и настапот на Светското Првенство. Утре, ве очекуваме во СРЦ „Кале" од 17:45. Влезот е слободен. Со срце за МАКЕДОНИЈА“, порачаа од македонската ракометна федерација. 

За разлика од претходно, нашиот национален тим под водство на Червар претрпе доста измени, па денешниот дуел ќе биде промоција на „новата“ Македонија.

Мундијалот во Франција стартува на 11. јануари, првиот меч го играат следниот ден против Тунис.

 

 

Најново во Ракомет