РАКОМЕТАРКИТЕ ФАВОРИТИ ПРОТИВ ФАРСКИ ОСТРОВИ

Време е за прва победа

„Ги победивме во претходното соочување, но мора одново да бидеме концентрирани и внимателни и да наметнеме наше темпо на игра доколку сакаме да дојдеме до првите бодови во групата“, најавува Симовски.

објавено: 21 март 2018 - 15:15

Македонската женска репрезентација вечерва  (20 часот) против Фарски Острови ќе ги бара првите бодови во квалификациите за ЕП 2018, откако претходно загуби од фаворитите Шведска и Србија.

Противникот е добро познат за селекторот Симе Симовски и неговите избранички, во групната фаза на претходните квалификации за СП 2017 славеа со 21:19.

„Максимално го користиме времето со кое располагаме. Фарски Острови ни е познат противник од претходните квалификации. Имаат осум репрезентативки кои играат и тренираат во Данска. Ги победивме во претходното соочување, но мора одново да бидеме концентрирани и внимателни и да наметнеме наше темпо на игра доколку сакаме да дојдеме до првите бодови во групата. Како и секогаш работам и барам дисциплинирана игра и агресивна одбрана, која ќе ни отвори простор за лесни голови од контра-напад", потенцира селекторот на Македонија, Симе Симовски.

Втората средба се игра четири дена подоцна 25 март (недела) во СРЦ „Кале" во Скопје.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2018
ГРУПА ТРИ
3. КОЛО
Фарски О. – МАКЕДОНИЈА (21.03.2018)
Србија – Шведска (21.03.2018)
4. КОЛО
Шведска – Србија (24.03.2018)
МАКЕДОНИЈА – Фарски О. (25.03.2018)
ТАБЕЛА
1.Шведска 2 2 0 0 71:41 4
2. Србија 2 2 0 0 69:47 4
3. МАКЕДОНИЈА 2 0 0 2 53:71 0
4. Фарски О. 2 0 0 2 35:69 0

Најново во Ракомет