ЗА ПРИМЕР ГО ЗЕМА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФУДБАЛЕР

Вујовиќ во елемент: Кога можеше Барези, зошто да не можат Доленец и Хенигман

Селекторот на првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство, Веселин Вујовиќ, им откри на тамошните медиуми зошто не се откажува од повредените Јуре Доленец и Ник Хенигман.  

објавено: 20 декември 2017 - 10:30

Словенија се соочува со големи играчки проблеми пред стартот на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска. По Јуре Доленц на листата на повредени ракометари се најде и Ник Хенигман, кој исто така мораше да направи операција на менискусот. Иако шансите за враќање на терените на левиот бек на Рико Рибница, кој беше најавуван како „џокер" на Словенците во Загреб  и десниот бек на Барселона се минимални, сепак Вујовиќ се надева дека ќе ги има на располагање.

Пример зеде од легендарните фудбалери, поточно од капитенот на Италија. Франко Барези. На прашањето што дали Доленец и Хенигман ќе бида подготвени за ЕП, тој даде интересен одговор.

„Познати се неколку примери низ историјата. На пример, фудбалерот Франко Барези беше повреден пред почетокот на Светското првенство и мораше да оди на операција. Сепак, само 15 дена по операцијата, тој се врати и играше во финалето, а на крајот го освои и златото“.

Македонија со Словенија ќе игра на 13. јануари во првиот меч од групната фаза, која ја играме во Загреб.

Најново во Ракомет