ВО ПРВИОТ НАТПРЕВАР ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2020

За 150 денари бодрете ја Македонија против Турција

Македонската машка ракометна репрезентација во четврток (25.10.2018 г.) , со почеток во 20:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски" во Битола ќе го одигра првиот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска во 2020 година.

објавено: 21 октомври 2018 - 15:50

Љубителите на ракометот ќе имаат можност да набават влезници за натпреварот на Широк Сокак во Битола (непосредно пред кафе барот Портал) почнувајќи од понеделник 22.10.2018г. од 09:00 часот.

Количината која ќе биде пуштена во продажба ќе биде ограничена. Останатите влезници ќе може да се набават на билетарата на СС „Боро Чурлевски"- Битола пред почетокот на натпреварот.

Цената на билетот изнесува 150 денари.

Најново во Ракомет