ДЕФИНИТИВНО ПРОТИВНИЦИТЕ ГИ ЧЕКАМЕ ОД ВТОРИОТ ШЕШИР

ЗОШТО ДА НЕ: Македонија во група со Хрватска на Лино

Македонската репрезентација и дефинитивно од вториот шешир ќе ги чека противниците за Европското првенство во Хрватска. Раул Гонзалез и неговите избраници ќе ги одбегнат Данска, Белорусија и Шведска. 

објавено: 19 јуни 2017 - 15:48

Македонската репрезентација и дефинитивно од вториот шешир ќе ги чека противниците за Европското првенство во Хрватска (12 – 28 јануари 2018 година). Раул Гонзалез и неговите избраници ќе ги одбегнат Данска, Белорусија и Шведска, кои се најдоа во истиот барабан со нашата репрезентација.

Постојат шанси токму во групната фаза на ЕП, Македонија за противник да ја добие селекцијата на Хрватска, која е носител на групата А во Сплит. 

Бидејќи ждребот е полудиригиран, Норвешка ќе игра во групата Б во Пореч, Словенија ќе игра во групата Ц во Загреб, додека Унгарија ќе се најде во групата Д во Вараждин.

Ждрепка е закажана за 23 јуни во Лисински концертна сала во Загреб.

ПРВ ШЕШИР: Германија, Шпанија, Хрватска, Франција
ВТОР ШЕШИР: Македонија, Данска, Шведска, Белорусија
ТРЕТ ШЕШИР: Норвешка, Србија, Црна Гора, Чешка
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Унгарија, Словенија, Австрија, Исланд

 

Најново во Ракомет