И ЧУВАРОТ НА МРЕЖАТА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН

Ристовски: Можеше да биде плус 12, но и само плус шест, затоа ова е супер

„Да не летаме во обраци. Ние не сме Франција. Германија или Шпанија, па затоа секогаш кога ќе се победиме со 8 разлика против било кој противник, треба да сме задоволни“, вели голманот на македонската репрезентација 

објавено: 10 јуни 2018 - 22:50

Бранеше најдобро кога беше најпотребно, а на крајот застана на 15 интервенции. Борко Ристовски секако е еден од најзаслужните што Македонија прими само 24 голови и на крајот со осум разлика ја победивме Романија, во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство следнат година. 

„Можеше да биде 12 разлик,, но можеше и шест. Затоа треба да сме презадоволни од оваа победа од осум голови разлика. Одиравме доста тежок меч. Во салата беше прежешко, имавме и пад во играта, сигурно тоа и од температурите, но и од тоа што е крај на сезоната. Не треба да летаме во облаци. Ние не сме Франција, Германија или Шпанија,  па затоа секогаш кога ќе се победиме со 8 разлика против било кој противник, треба да сме задоволни.  Романија е доста квалитетна селекција, иако тоа денес не го покажа. Шутот на Романија не функционираше како што треба, а тоа е нивнито главен адут“, беше првиот коментар на голманот Ристовски, по победата на Македонија од 32:24.

Најново во Ракомет