ривалите имаат добра соработка

РК Вардар ќе се пресели во Автокоманда

Поради презафатеност на салата „јане Сандански“, македонскиот првак два дена тренинзите ќе ги одработи во домот на лутиот ривал

објавено: 25 јули 2018 - 13:05

Кога ќе се сретнат на теренот, ракометарите на Вардар и Металург, тоа е знак за беспоштедна борба. Сепак, кога се работи за односите на двата клуба надвор од теренот, е сосема поинаква и владее одлична соработка.

Металург прифатил да ја отстапи својата сала во Автокоманда да биде домаќин на Вардар два дена. се работи за 27 и 28 јули, кога „црвено-црните“ тренинзите ќе ги одработат во салата во Автокоманда.

Причина за оваа мини преселба на вардарци е презафатеноста на салата „Јане Сандански“. Домот на Вардар во следниот период ќе биде домаќин на Европското првенство Б дивизија за кошаркари до 20 години, па ракометарите ќе имаат малку нарушен ритам, но веднаш се најде решение.

Најново во Ракомет