КРИЛОТО СИ ЗАМИНУВА ОД ВАРДАР

Сара Ристовска потпиша за Крим

Македонската репрезентативка во следните две години ќе го носи дресот на словенечкиот првак

објавено: 6 март 2018 - 15:23

Македонската репрезентативка и десното крило на ЖРК Вардар, Сара Ристовска во следните две сезони ќе го носи дресот на словенечкиот првак Крим. Ристовска е последна во низата на ракометарки кои си заминуваат од „црвено-црниот“ дрес на крајот од сезонава.

„Во следните две сезони ќе настапувам за Крим. Веќе се договорив и договорот е за две сезони. Се работи за солидна, млада екипа, чии квалитети одлично ми се познати и мислам дека тоа е средина која би била вистинската за да ја продолжам мојата кариера. Имав понуди и од Будуќност, Турингер..., но се решив за Крим.
Имам и директен лет Скопје – Љубљана што ги прави работите поедноставни", изјави за „Македонски спорт", Сара Ристовска.

Македонската репрезентативка има настапувано за Металург, а од таму дојде и во редовите на ЖРК Вардар и за неа ова ќе биде прво интернационално искуство.

Најново во Ракомет