НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕДЛОГ !!!

Се менува спортското име на Македонија!?

По кампањата која ја направи Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за подигање на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот, а во која се вклучи и европскиот првак Вардар, еден навивач со интересен предлог

објавено: 14 ноември 2017 - 09:00

Актуелниот европски првак Вардар, направи одличен потег со вклучувањето во кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за подигање на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Златните ракометари најпрво се најдоа на билборди низ улиците на Скопје, со мотото: ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ВОЗИ ОДГОВОРНО. Од вчера постери со истата порака на англиски и македонски јазик појавија и на сите гранички премини во Македонија. 

Оваа одлична промоција на државата, а воедно и акција за повнимателно возење наиде на одлична реакција кај граѓаните. Еден од нив реши да внесе „малку политика“ во целиот овој проект. Тој напиша коментар дека веќе ако мора да се менува името на државата,има ново спортско име а тоа е „Република на Шампионите“.

 

 

Најново во Ракомет