МОЖНО ЛИ Е И ЕДНО ВАКВО СЦЕНАРИО?

Се подготвува ли прекин на Романија - Македонија?

Доколку температурата во салата достигне 28 целзиусеви степени, судиите и делагатот најавија дека мечот нема да се доигра, бидејќи ќе нема услови за игра

објавено: 13 јуни 2018 - 13:00

Од Клуж, Марија Ковачева

Романците како еден од главните адути на денешниот меч против Македонија го бараат во топлото време. Нашите ракометари вчера ги почувствуваа условите кои ги има во салата „Хореа Демјан", а тоа беше пеколно топло. 

Романците воопшто не сакаа да пуштат клима, а се очекува и денеска за време на дуелот да биде исто. Токму топлото време во салата било тема на техничкиот состанок, на кој е донесен интересен договор. Доколку температурата во салата ја достигне температурата од 28 целзиусеви степени, судиите и делагатот најавија дека мечот нема да се доигра, бидејќи ќе нема услови за игра. 

Македонија има предност од осум гола по првиот меч во Скопје (32:24) и се очекува попладнево да ја одбрани оваа позитива, без разлика колкава ќе биде температурата во салата.

Најново во Ракомет