ДВАЈЦАТА РАКОМЕТАРИ ПОРАДИ ПОВРЕДИ СЕ НЕИЗВЕСНИ

Абутовиќ и Карачаиќ висат за Металург

Илија Абутовиќ и Игор Карачиќ кои поради ситни повреди не беа во составот на Вардар за дуелот против Војводина, може да го прескокнат и македонското дерби во СЕХА-лигата. 

објавено: 8 декември 2017 - 11:00

Натпреварот од СЕХА-лигата против Металург во сабота за Вардар ќе биде последен меч пред домашна публика година, претпоследен во 2017 година. 

На оваа средба тренерот на македонскиот и регионален првак, Раул Гонзалез на располагање може да ги нема Илија Абутовиќ и Игор Карачаиќ. Дали двајцата ракометари кои поради ситни повреди не се најдоа во составот на Вардар за мечот со Војводина, ќе играат против Металург ќе биде одлучено на последниот тренинг пред дербито.

„Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па ќе го чекаме последниот тренинг“, рече Раул Гонзалез на прес-конференцијата. 

Натпреварот меѓу Вардар и Металург се игра утре со почеток од 20:45 часот и истиот ќе има хуманитарен карактер, сите собрани средства ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж.

Најново во Ракомет