ЦРНОГОРЕЦОТ ВО ПРЕД ПЛАН, НО СО ПОМОШ НА ХРВАТОТ

Борозан и Циндриќ го имаат потегот на мечот (ВИДЕО)

Вардар е првиот тим во СЕХА лигата кој успеал да го заврши регуларниот дел од сезоната со 17 победи, откако во последниот натпревар го победи Нексе со 29-25 (11-12). Истовремено шампионот е нов рекордер по бројот на освоени бодови, 52 во регуларниот дел. Иако „црвено-црните“ одиграа со половина сили, сепак малубројната публика можеше да ужива во дел од нивните мајстории. Овој пат потегот го имаат Вуко Борозан и Лука Циндриќ.

објавено: 13 март 2018 - 19:46

Најново во Ракомет