МНОГУ ФАКТОРИ ПРЕСУДНИ ЗА ПОРАЗОТ

Брестовац: Ако утре настапиме со ваква агресивност, не ни се пишува добро

Металург не успеа да врзе две победи во низа. По триумфот над Чеховски Медведи во ЛШ, дојде пораз (28-29) од Стеуа Букурешт во СЕХА-лига. 

објавено: 7 ноември 2018 - 19:44

Тренерот на Металург, Данило Брестовац призна дека не се подготвувале за овој меч, бидејќи утре се среќаваат со Спортинг Лисабон во рамките на елитното натпреварување. Тој им замери на судиите, но истовремено го призна поразот. 

„Искрено, воопшто не се подготвувавме за Стеауа, бидејќи мечот со Спортинг ни е многу важен. Не знаевме со каков состав ќе дојдат. Стеауа играше со пократка ротација, не е дека дојде со втор тим. Се обидов да наметнам еден начин на игра кој судиите не го прифатија, не ни дозволуваа да повлечеме брз центар. Не враќаа кога ќе тргневме. Не сум паметен, чудна е ситуацијата. Погледнавме само неколку минути од Стеауа. Не ми е јасен распоредот, но тоа е што е. Заслужена победа на Стеауа. Овој меч нека ни биде поука. Ако утре настапиме со ваква агресивност, тогаш не ни се пишува добро", изјави Данило Брестовац. 

Натпреварот со Спортинг Лисабон се игра со почеток од 19 часот.

Најново во Ракомет