ИМААТ ЗА ШТО ДА ЖАЛАТ

Брестовац: Го вежбавме последниот напад, како да знаевме дека ќе се случи, но ете...

Металург ја пружи една од најдобрите партии сезонава и тоа против Вардар, за жал не успеа да ја круниса ниту со реми. 

објавено: 5 декември 2018 - 22:23

Металург ја пружи една од најдобрите партии сезонава и тоа против Вардар, за жал не успеа да ја круниса ниту со реми. Тимот од Автокоманда го имаше последниот напад, но Александер Шпенде не успеа да погоди за бод.

„Честитам на Вардар за победата. Можеби одигравме добро во континуитет, но она што ми пречеше, што им замерив на играчите се некои техничко-тактичи грешки. Не знам, можеби се млади уште, па тешко се одржува дисциплината. Ми пречеше и последниот напад, вчера дури и го вежбавме на тренинг, како да знаевме дека ќе се случи, но ете. Да не ме сфатат од Вардар погрешно, но натпреварот некако немаше тежина и беше шанса да одиграме.

Она што може да го извлечам како позитивно е тоа што имавме континуитет во цел натпревар. Немавме ротација како Вардар,кој го искористи Скубе како низок играч кога беше потребно или Криштопанс со своите физички предиспозиции, одиграа многу паметно во финишот“, рече Брестовац.

Јагуриноски жали за пропуштената шанса...

„Одигравме коректен натпревар, а тоа што го кажа тренерот точно е, некои работи коишто ги вежбаме на тренинг не ги практикуваме, навистина а така, иако не знам зошто. Мислам дека треба уште многу да работиме и да поправиме многу грешки“, смета Јагуриноски. 

 

Најново во Ракомет