ПРОБЛЕМ ЗА МЕТАЛУРГ ПРЕД МЕЧОТ ВО ПРЕШОВ

Брестовац: Не знам како да го кренам тимот, играчите беа претепани

Металург вечерва (19 часот) му гостува на Татран Прешов во последниот меч од Лигата на шампионите оваа сезона. 

објавено: 1 декември 2018 - 15:05

Данило Брестовац има главоболки пред денешниот меч во Прешов, последен од елитното натпреварување оваа сезона. На гостувањето во Нови Сад, Јагуриноски (пукната аркада) не е единствената жртва на грубата игра на Војводина. Шпенде има исеченица од 10 снатиметри, а најверојатно на оваа листа е Пучник. 

Токму ова е причината поради која Брестовац не знае како да ги собере момците и да ги мотивира. 

"Не знам како ќе ја кренам екипата по натпреварот со Војводина, во кој играчите практично беа претепани. Имавме двајца ракометари со скршен нос, пукната аркада, а на лицето на Александар Шпенде има исеченица од 10 сантиметри. Во ваква ситуација многу ми е тешко да размислувам за денешниот меч со Татран во Лигата на шампионите. Се надевам дека играчите ќе успеат барем малку да се регенерираат и одморат и дека ќе најдат сила и мотив да одиграат добар натпревар во последниот меч од Лигата на шампионите сезонава", вели Данило Брестовац пред средбата со Татран Прешов.

Најново во Ракомет