ПО ЕДНА ПРЕСПИЕНА НОЌ

Брестовац: Убаво е кога ќе се свртам кон клупата, имам играчи...

Металург нема време за славење. По триумфот над Чеховски Медведи го чекаат два меча, во среда против Стеауа Букурешт во СЕХА-лига, а потоа во четврток со Спортинг Лисабон во Лигата на шампиони.  

објавено: 5 ноември 2018 - 15:08

По преспиената ноќ, по првиот триумф во Лигата на шампионите над Чеховски Медведи, задволството во редовите на Металург е уште поголемо, поготово кај тренерот Данило Брестовац, кој конечно го доби она што го посакуваше. Играчи во ротација. 

„Не што да кријам. Убаво е кога ќе се свртам кон клупата и ќе видам дека имам играчи, можам да правам ротации“, рече Брестовац.

Иако тимот од Автокоманда успеа да се издигне, сепак предводникот истакна дека резултатите засега не се во преден план.

„Секако дека ни годат победите, но во следните неколку месеци резултатите нема да бидат во преден план, целта е добро да тренираме“.

Што се однесува до дуелот со Стеауа, Брестовац ги подели шансите за победа. 

„Ретка можност да подготвам два натпревари еден по друг, до сега во мојата кариера ми се нема случено ова. Денеска ќе почнеме со анализа на последниот натпревар. Не знам со каков состав ќе дојде Стеауа во Скопје, најавија дека ќе дојдат со втор состав, не знам за кои играчи да се подготвуваме. Овој дуел и СЕХА-лигата е многу важна, младите играчи добиваат на километража, односно се стекнуваат со меѓународно искуство. Шансите се 50-50 ако одиграме како вчера, ќе имаме шанси“.

Натпреварот меѓу Металург - Стеауа се игра во среда со почеток во 17:15 часот, следниот ден во СЦ „Борис Трајковски“ гостува Спортинг Лисабон. 

Најново во Ракомет