Нов неуспех на металурзите

Целје го декласира Металург со 34:25

Металург забележа нов пораз во Сеха лигата, вечерва од Целје со 9 голови разлика и остана на седмата позиција со 9 бодови

 

објавено: 6 декември 2017 - 20:31

Металург забележа нов пораз во Сеха лигата, вечерва од Целје со 9 голови разлика и остана на седмата позиција со 9 бодови. На крајот резултатот беше 34:25 за домашниот тим.

Скопјани одиграа солидно во првото полувреме и заминаа на одмор со негатова од 3 голови, 12:15, но немаа решение за расположениот Тилен Кодрин, кој има даде неверојатни 10 голови. И тоа го стори со 11 удари кон голот на Металург.

Кај домаќините се истакнаа и Грошељ со 6 погодоци и репрезентативецот на Словенија, Маргуч со 4 прецизни удари.

Во редовите на Металург, кој осетно попушти во второто полувреме и го загуби со 13:19, најефикасен беше Халил Јагањац со 8 голови. Жарко Пешевски даде 7 гола во новиот, шести пораз на Металург во Сеха Лигата.

Најново во Ракомет