„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ УБЕДЛИВИ

Целје го плати „цехот“, Вардар се загреваше за Пик Сегед

Македонскиот тим дојде до 13. триумф во СЕХА-лигата, на домашен терен го совлада Целје со 37-25 (20-10).

објавено: 13 февруари 2018 - 22:10

По поразот од Барселона, Вардар се „истури“ врз Целје. Полесно од очекувањата македонскиот тим славеше со 35-27 (20-10) за 13. триумф во СЕХА-лигата. Раул Гонзалез на овој меч ги одмараше Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, кои не беа ниту во составот, во игра не влегоа Арпад Штербик и Стојанче Стоилов.

На голот одлично ја завршија својата задача Страхиња Милиќ, кој до 40. минута запиша 14 интервенции, а потоа на голот застана Даниел Ѓорѓески. Дибиров со сум погодоци беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“, одличен беше Мартин Поповски, кој постигна шест гола од исто толку обиди. На другата страна Борут Мачковчек реализираше 11 гола.

Вардарци отворија со серија 8-3, а потоа пред крајот на првото полувреме 19-8 и 20-9. На полувремето беше 20-10. Ниту по одморот не се промени ништо, „црвено-црните“ ја одржуваа двоицифрената предност (25-15 во 40. минута, 28-18 во 48. минута).

Мечот со Целје беше загревање за важната неделна пресметка против Пик Сегед во рамките на 12. коло во Лигата на шампионите. 

 

 

Најново во Ракомет