ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ ПОВТОРНО НА ТЕРЕНОТ

Продолжи онаму каде што застана: Кам-бек на Чупиќ со петка

Хрватскиот интернационалец, Иван Чупиќ по долга пауза се врати на терените. На дуелот против Нексе постигна пет погодоци од седум обиди. 

објавено: 13 март 2018 - 21:00

Добра вест за Вардар во пресрет на најважните мечеви во СЕХА-лигата и Лигата на шампионите. По долга пауза поради повреда на коленото здобиена на Европското првенство во Хрватска, на теренот се врати Иван Чупиќ.

Хрватскиот интернационалец на дуелот против Нексе во рамките на последното коло од регуларниот дел од сезоната постигна пет подогоци од седум обиди, дел од нив беа три седмерци, кои ги реализираше без промашување. 

Враќањето на Чупиќ е во вистинско време. Вардар во следниот период ќе се подготвува за СЕХА завршницата која од 13-15 април ќе се одржи во Скопје, а една недела подоцна ќе го игра првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите, каде за противник ќе го има подобриот од Пик Сегед и Висла Плоцк.

 

Најново во Ракомет