ВАРДАРЦИ СЕ ЕДИНСТВЕНИ

Циндриќ е „Инстаграм крал“, Столе ја има изјавата на сезоната

Пред стартот на Фајн-фор завршницата, СЕХА подготви специјален и доста интересен магазин.  

објавено: 10 април 2018 - 14:33

Пред стартот на Фајн-фор завршницата, СЕХА подготви специјален и доста интересен магазин во кој може да се најдат интересни податоци, статистики...

Нам во очи ни падна, делот посветен за социјалните мрежи: најдобри постови, инстаграмџии, видео-клипови...И тука доминираат ракометарите на Вардар.

Лука Циндриќ е најфраер од сите играчи, тој е прогласен за „Инстаграм крал“. Изјавата на капитенот на македонскиот шампион, Стојанче Стоилов, по ремито со Германија е трета по читаност на „Фејсбук“ профилот на СЕХА, додека голот на Тоше Ончев е на првото место на „Youtube“, каде втората позиција му припадна на Страхиња Милиќ и неговата одбрана против ППД Загреб, а додека зад него е Вуко Борозан со една од неговите бомби...

Најновиот магазин на СЕХА може да го прочитате на официјалната страница на регионалното натпреварување. 

Најново во Ракомет